Лионел Меси во текот на летото ја напушти Барселона, нормално е да не бил близок со сите играчи, но изненадува тоа што како што потврди самиот останал во контакт со само тројца фудбалери.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Меси доби прашање од новинарите со кои играчи останал во контакт, а тој ги даде имињата на Серхио Бускетес, Жорди Алба и Кун Агуеро. Тоа и не е некое изненадување затоа што Меси со Алба и Бускетс долго време ја делеше соблекувалната, додека со Агуеро се кумови.




Најголемо изненадување е што Меси го изостави Жерар Пике со кој заедно во Барселона беше повеќе од една деценија и испишуваа историја во каталонскиот клуб. Медиумите претпоставуваат дека дошло до тензии кога тој ја напуштал Барселона, а се поврзува и со неговата изјава дадена неодамна.




„Од оние кои очекував дека ќе ме поддржат, ме поддржаа. И за нив се беше изненадување, но застанаа на моја страна“, изјави Меси неодамна.