Дома Фудбал Меси за Гризман: Ми се допаѓа, сакам да играм со најдобрите

Меси за Гризман: Ми се допаѓа, сакам да играм со најдобрите

Сегашниот ростер на Барселона се очекува да претрпи промени во текот на летото.

Андрес Иниеста се прости од својата Барселона во вчерашниот натпревар против Реал Сосиедад, а тој натпревар многу веројатно беше последен и за уште неколку играчи.

Алеш Видал е првиот, тој постави фотографија со порака „за крај“, со трофеите од Ла Лига и Кралскиот куп. Очекувањата се Видал да се врати во Севиља.

Потоа се очекува клубот да го напушти и Лукас Диње кој се покажа дека не е достојна алтернатива за Жорди Алба. Место во екипата нема ниту за Андре Гомеш, се чека вистинска понуда, додека Јери Мина ќе биде испратен на позајмица.

Во нападот отпишан е Пако Алкасер кој дефинитивно заминува, а причина повеќе е веројатното пристигнување на Антоан Гризман за кого зборуваше Лионел Меси по вчерашниот натпревар.

„Ми се допаѓа Гризман, тој очигледно е еден од најдобрите, но тоа не е денешна тема. Не знам што ќе се случи, но моја цел е секогаш да играм со најдобрите во Барса“ , изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус го раскина договорот со едно од своите најголеми промашувања во историјата

Италијанскиот спортски гигант Јувентус денес потврди дека договорот со бразилскиот фудбале…