Дома Фудбал Меси доби две награди и порача: Ова е најнеизвесната сезона!

Меси доби две награди и порача: Ова е најнеизвесната сезона!

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси денес беше одличен со наградата „Алфредо ди Стефано“ за најдобар фудбалер во Примера за сезоната 2017/18.

Аргентинскиот волшебник денес во Мадрид ја доби наградата која ја доделува „Марка“, а притоа ја зеде и наградата за најдобар стрелец во Примера со своите 34 гола.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Оваа сезона е најнеизвесната од било која друга. Тоа е одлична вест за фановите бидејќи натпреварите се многу понеизвесни“, изјави Меси.

Јан Облак ја доби наградата за најдобар голман во Примера, а Јаго Аспас ја зеде награда за најдобар шпански стрелец.

За најдобар тренер наградата ја доби стратегот на Валенсија, Марселињо кој победи во трката со Симеоне за само еден глас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија може до директен пласман на СП 2026, но за тоа ни треба чудо!

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Кардиф, каде против Велс ќе се соочи од к…