Кристиано Роналдо се посериозно ја разгледува можноста да се врати во Спортинг Лисабон, пренесува „Атлетик“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалската ѕвезда е категоричен во намерата да се пресели во тим каде ќе може да игра во Лигата на шампиони, бидејќи негова основна цел е да продолжи да биде најдобар стрелец во најпрестижниот турнир.




Роналдо моментално е на врвот на листата стрелци во ЛШ со 140 гола, и има 15 повеќе од најголемиот конкурент Лионел Меси.




Поради тоа Роналдо донесе одлука да го напушти Манчестер Јунајтед, но неколку европски гиганти му ја затворија вратата.
Се шпекулираше дека може да се пресели во Челзи, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид, но овие клубови не се заинтересирани, па Роналдо дал согласност за преговори со Спортнг Лисабон.