Виктор Ѓекереш е еден од фудбалерите кои привлекуваат внимание на поголемите европски клубови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Напаѓачот со шведски пасош кој игра за Спортинг Лисабон би можел да се пресели во Премиер лигата, а во посредувањето наводно се вклучил и познатиот агент Жорге Мендеш.
Тој ќе се обиде да помогне во трансферот трансферот во Арсенал, а според англиските медиуми ваквото сценарио не е далеку од реализација.
Ѓекереш има ослободителна клаузула која е 100 милиони евра, но Арсенал сака да го купи за сума која е 10 милиони подолу, но со бонуси за освојување трофеи таа може да се искачи на 120 милиони евра.
Во изминатата сезона Ѓекереш постигна 36 гола на 44 натпревари, а според многумина токму таков играч недостасува во овој тим на Арсенал.