Дома Трансфер зона Мендеш договара „луд“ трансфер, од Реал во Барселона

Мендеш договара „луд“ трансфер, од Реал во Барселона

Шпанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Марко Асенсио на лето може да се пресели во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наводно таквиот „луд“ трансфер го договара неговиот агент Жорге Мендеш.

Асенсио влезе во последната година од договорот и на лето ќе биде слободен агент, бидејќи јасно е дека Реал нема да му понуди продолжување на соработката.

Иако за Шпанецот интерес покажуваат неколку европски гиганти, сепак тој може да се пресели во редовите на најголемиот ривал.

Чави го посакува во своите редови, а навивачите сигурно никогаш нема да му го простат таквото „предавство“ доколку се реализира овој трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…