Дома Фудбал Италија Медиумите посочија кој е „предавникот“ на Мурињо, играчот бара објаснување

Медиумите посочија кој е „предавникот“ на Мурињо, играчот бара објаснување

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо по дуелот против Сасуоло (1-1) кажа дека еден од фудбалерите во неговиот тим е предавник и поради тоа ќе биде продаден во јануари.

Италијанските новинари веднаш го открија името на предавникот во екипата на Рома, а станува збор за Рик Карсдорп, кој влезе на место на Мехмет Челик и беше виновен за голот.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Неговиот агент е изненаден од критиката на Мурињо, но и се чуди како сите знаат дека е Карсдорп, а не беше спомнато име.

„Изненаден сум од зборовите на Мурињо, сакам објаснување. Исто така сме изненадени од фактот што сите го вперија прстот во Рик и покрај тоа што ниту Мурињо, ниту Рома не го кажа неговото име. Сакаме објаснување од клубот за зборовите на тренерот и начинот на кој го направи тоа“, изјави агентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фарски Острови беше пред триумф, но Ерменија израмни во финишот и остана во игра за првото место во групата

Фарски Острови двапати водеа против Ерменија, која изедначуваше во самиот финиш од двете п…