Капитенот на Манчестер Јунајтед Хари Мегваер истакна дека сите во тимот напорно работат за да ги израдуваат навивачите.
Мегваер зад себе има неколку тешки месеци, на скандалот во Грција кој се случуваше во текот на летото му се надоврзаа лошите настапи на теренот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Имав тешко лето. Сепак, секој ден се фокусирам на напредокот. Тимот работи напорно за да ги израдуваме навивачите“, изјави Мегваер.
После поразот од Арсенал „црвените ѓаволи“ се соочија со бројни критики.
„Не сакаме негативна енергија. Сакаме да останеме позитивни и можам да ви потврдам дека во тимот има многу шампиони. Коментарите и критиките не ги читам“, додаде стоперот на Јунајтед.
Манчестер Јунајтед во среда му гостува на Башакшехир во третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.