Дома Трансфер зона Мбапе заврши со ПСЖ, побара трансфер во јануари

Мбапе заврши со ПСЖ, побара трансфер во јануари

Само неколку месеци после помпезното потпишување на нов договор Килијан Мбапе сака да го напушти Пари Сент Жермен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа вест како „бомба“ одекна денес низ цела Европа, а ја пренесува шпанска „Марка“, која тврди дека Мбапе се кае што одлулич да остане во Париз.

На Мбапе му била ветена поголема слобода и да биде носител на играта при потпишување на договорот, па сега е разочаран и незадоволен од работата на тренерот Галтие.

Ѕвездата на ПСЖ бара трансфер во јануари и веќе го известил раководството дека сака по секоја цена да си замине од клубот.

Негова прва опација е Реал Мадрид, но ПСЖ сака да избегне продажба во кралскиот клуб со оглед на фактот дека Флорентино Перез и Насер Ал-Келафи се во многу лоши односи. Медиумите тврдат дека поради тоа ПСЖ е спремен да го пушти во Ливерпул.

Доколку Мбапе замине, ПСЖ ќе ја активира откупната клаузула на Рафаел Леао која изнедува 150 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…