Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе нема да се пресели во нуту еден од двата мадридски гиганти, Реал и Атлетико и покрај информациите дека сака да го напушти Париз.
Синоќа водителот на популарната емисија „Ел Чирингито“, соопшти дека Мбапе не е во плановите на Реал Мадрид. Истиот новинар Педрерол во текот на летото тврдеше дека Мбапе е блиску до трансфер во Реал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мбапе во последен момент ја промени одлуката и стави потпис на нов договор со ПСЖ, но само неколку месеци подоцна сака да го напушти клубот.
Реал е навреден од таквиот однос на младиот Французин и повеќе не влегува во плановите на „кралскиот“ клуб за во иднина.
🚨EXCLUSIVA @jpedrerol 🚨🚨
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) October 13, 2022
🐢❌"MBAPPÉ NO ENTRA en los PLANES del REAL MADRID"❌🐢 pic.twitter.com/0qjbV7V73X