Дома Фудбал Англија Маурицио Сари испиша историја со Челзи!

Маурицио Сари испиша историја со Челзи!

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари испиша историја со овој клуб кој го превзема изминатото лето откако го наследи Антонио Конте.

Иако во Челзи во некои години во минатото знаеше да биде доминантен во Премиер лигата, никогаш не се случило да имаат само еден пораз во првите десет натпревари.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Оваа сезона Челзи ја започна на одличен начин, а во првите десет лигашки натпревари, победи на седум и три пати ремизираше.

Единствениот пораз на клупата на Сари беше во дебито кога изгуби од Манчестер Сити со 2:0 во Комјунити Шилд.

Челзи исто така славеше на сите три досегашни натпревари во Лигата на Европа, а во Карабао купот го победи Ливерпул на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Силва по завршувањето на епизодата во Сити се сели во Барселона?

На крајот на сезоната ќе го испразни својот ормар во „Етихад“ и како слободен играч ќе бар…