Манчестер Јунајтед и Севиља се во напредни преговори за трансфер на Антони Марсијал, пренесуваат шпанските медиуми.
Марсијал веќе изрази желба да ја промени средината, а Севиља е неговиот прв избор и веќе постигна договор со клубот од Андалузија.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ се спремни да го пуштат Французинот на позајмица, но минатата недела ја одбија првата понуда на Севиља, која сакаше да плаќа само 50% од неговата плата.
Сега шпанскиот клуб испрати нова понуда, позајмица со право на откуп, па двата клуба ги договараат последните детали.