Барселона и Реал Мадрид уште еднаш одиграа одлично Ел Класико во кое можевме да видиме доста возбудувања, но и искри на теренот.
Иако Каталонскиот клуб на два пати имаше предност против Кралевите на крајот натпреварот беше завршен со резултат 2:2. Пред крајот на првиот дел имаше доста нервоза на двете страни, а кулминираше во втората минута од судиското продолжение кога Серхио Роберто доби директен црвен картон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот на Барселона беше во дуел со Марселокој падна алудирајќи дека добил удар во лицето од Роберто. Судијата веднаш реагираше и го испрати десниот бек на Барселона во соблекувалната. Сепак, после натпреварот како некој друг Марсело даде изјава за медиумите.
Бразилскиот фудбалер ги демантираше наводите дека добил удар во лицето од играчот на Барселона иако се превртуваше по теренот и се држеше за лицето кога се случи спорната ситуација.
„Тоа не беше црвен картон за Роберто и беше тоа престрога одлука. Не почуствував удар на лицето. ВАР? Па, не сум поддржувач на тоа бидејќи дополнително ќе ја успори играта.“