Дома Трансфер зона Марсело и Јувентус – повторно актуелна тема

Марсело и Јувентус – повторно актуелна тема

marcelo

Приказната е повторно актуелна.

После одредена пауза повторно во медиумите се поајвија гласини кои го поврзуваат Марсело со трансфер во Јувентус.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Наводно, Бразилецот има голема желба во Торино да му се придужи на својот соиграч од Реал Мадрид и голем пријател Кристиано Роналдо.

Сепак, како што се наведува за овој трансфер да биде реализиран постои услов – продажба на Алекс Сандро.

Јувентус кој ова лето беше активен, а со самото тоа и финансиски истрошен ќе мора да го продаде Бразилецот, ако навистина сака да го ангажира неговиот сонародник.

За Сандро интерес покажуваа Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но со оглед дека преодниот рок во Англија завршува денес, во игра би можел да остане само ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи се засилува со „џин“ во одбраната

Челзи е еден од заинтересираните тимови за услугите на Тосин Адарабиојо од Фулам, кој …