Дома Фудбал Англија Маркос Алонсо го продолжи договорот со Челси

Маркос Алонсо го продолжи договорот со Челси

Шпанскиот репрезентативец Маркос Алонсо денеска и официјално го потпиша новиот договор со Челси.

Овој 27-годишен лев бек го продолжи договорот со Сините до 2023. години, со што јасно даде до знаење дека и во иднина ќе го носи дресот на клубот од Стемфорд Бриџ.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Навистина сум среќен што останувам овде и што ќе продолжам да играм за еден од најдобрите тимови на светот. Зад мене се две одлични години во Челси, па се надевам дека такви ќе бидат и оние што доаѓаат.“ – порача Маркос Алонсо.

Маркос Алонсо за Челси настапи на 92 натпревари и постигна 15 погодоци и 11 асистенции. Претходно настапуваше за Фиорентина, Болтон, Сандерленд, а еден период беше член и на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дури 23 фудбалери на Реал се повредија оваа сезона: Клубот го пронајде виновникот

Стадионот на Реал е вистинско ремек-дело на градежништвото, а една од карактеристиките е с…