ПСЖ потпиша договор со Серхио Рамос, кој доаѓа во Франција како слободен фудбалер откако му заврши соработката со Реал Мадрид, каде што играше во претходните 16 години.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Клубот од Париз му ги исполни барањата на шпанскиот дефанзивец, кој потпиша двегодишен договор и ќе заработува по 12 милиони евра по сезона.
Во последните две години поради пандемијата Рамос во Реал мораше да зема плата помала за 10 проценти, но тоа нема да се случи кај богатите парижани.
Шпанскиот дефанзивец се очекува да го крене квалитетот во одбраната на ПСЖ, кој следната сезона сака конечно да ја освои Лигата на шампиони, откако не успеа во претходните сезони и покрај големите инвестиции и купување на скапи фудбалери.