Иако Жозе Мурињо со Манчестер Јунајтед не постигнува големи резултати, легендарниот Диего Марадона го смета Португалецот за најдобар тренер во светот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во разговор за шпанска „Марка“, Марадона сосема искрено призна дека за него Мурињо е најдобар во светот.
„За мене Мурињо без дилеми е најдобриот тренер во светот“, изјави Марадона.
Иконата на аргентинскиот фудбал го прокоментира и учинок на Пеп Гвардиола.
„Пеп заслужува признание бидејќи искористи се што му даде еден Јохан Кројфт. Уште еднаш ќе кажам. Не ја измисли тој тика-така, тоа го направи Кројфт. Пеп сега може да го избере било кој играч на светот и така себе си ја олеснува тика-така“, истакна легендарниот Аргентинец.
Ќе потсетиме, Марадона во овој момент работи како тренер во мексиканскиот вторлигаш Дорадос.