После заминувањето од Јувентус и неуспешната авантура на Блискиот исток Марио Манџукиќ многу веројатно ќе се врати во европскиот фудбал.
Италијанската „Газета дело Спорт“ пишува дека хрватскиот фудбалер е една од опциите за нов напаѓач на Интер, но дека неговото доаѓање во клубот зависи од тоа кој ќе биде на клупата на „нероѕурите“.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Тренерот на Интер, Антонио Конте е под голем притисок, се шпекулираше дека дури би можел да се врати во Јувентус меѓутоа тој таквите најави веднаш ги демантираше и најави тужба кон авторот на таквиот текст.
Доколку сепак го напушти Интер главен фаворит засега е Масимилијано Алегри кој веднаш би го довел Манџукиќ како слободен играч, барем така пишуваат Италијанците. Алегри и Манџукиќ соработуваа во Јувентус и одлично се познаваат.
Ако Конте остане тој ќе се насочи кон Един Џеко од Рома кој е негова мета подолго време.