Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го одиграа последниот натпревар од подготовките за новата сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Избраниците на Жозе Мурињо вечерва силите ги одмерија против Сампдорија, и на крајот успеаа да слават со 2:1. „Црвените ѓаволи“ до предност стигнаа во десетата минута од натпреварот, кога по одличниот контра напад мрежата на италијанскиот тим ја затресе Михтарјан.
На почетокот на вториот дел Мурињо направи голем број на измени, а Сампдорија тоа го искорости во 63. минута кога на 1:1 изедначи Прает. Меѓутоа, Јунајтед до крајот на натпреварот успеа да дојде до победа, а конечните 2:1 ги постави Хуан Мата во 81. минута од натпреварот.
Со овој натпревар Манчестер Јунајтед ги заврши подготовките за новата сезона и на 7 натпревари успеа да оствари 6 победи и еден пораз против екипата на Барселона.
Manchester United vs Sampdoria 2-1 All Goals… by highlightsgoals2017