Манчестер Јунајтед нема да го казнува Кристиано Роналдо поради инцидентот кој се случи после мечот со Евертон.




Нервозниот Роналдо после поразот одејќи кон соблекувалната удри по рака едно дете и му го скрши телефонот.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Потоа мајката на 14-годишното дете откри дека има аутизам и објави снимка од инцидентот, каде се гледа дека има модрица на раката.




Роналдо јавно се извини, но нема да помине лесно, бидејќи полицијата и ФА покренаа истрага против Португалецот.




Сепак, англиските медиуми пренесуваат дека раководството на Манчестер Јунајтед проценило дека нема потреба да го казнува Роналдо.