Манчестер Јунајтед ќе се насочи кон Леон Горецка од Баерн Минхен доколку Пол Погна си замине од „Олд Трафорд“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Црвените ѓаволи“ се убедени во квалитетите на германскиот репрезентативец и веруваат дека ќе биде идеална замена за Пол Погба.
Погба влезе во последната година од договорот и се уште одбива да ја продолжи соработката, па Јунајтед е спремен да го стави на продажба.
Слична е ситуацијата и со Горецка, кој има уште една година од договорот со Баерн и е спремен да ја промени средината ова лето.
Доколку Погба замине, Јунајтед е спремен да понуди 50 милиони евра за потписот на Германецот.