Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед во напреднати преговори за Камавинга

Манчестер Јунајтед во напреднати преговори за Камавинга

Манчестер Јунајтед продолжува да биде активен на трансфер пазарот и после комплетирање на трансферот на Џејдон Санчо.

Сега „црвените ѓаволи“ се во напредни преговори за трансфер на големиот француски талент, Едуардо Камавинга.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Новинарот на „Скај Спорт“, Фабрицио Романо пренесува дека Рен е спремен да го пушти Камавинга за 30 милиони евра, бидејќи договорот на играчот истекува следното лето.

Младиот играч за врска е еден од приоритетите на тренерот Солскјер, а англиските медиуми пренесуваат дека трансферот на Камавинга не е поврзан со трансфер на Погба.

За Камавинга интерес покажуваат уште ПСЖ, Реал Мадрид и Баерн Минхен, но Јунајтед е спремен да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…