Дома Трансфер зона Манчестер Сити плаќа 80 милиони евра за играч од Кристал Палас?

Манчестер Сити плаќа 80 милиони евра за играч од Кристал Палас?

Пеп Гвардиола е одлучен во намерата да доведе засилување во офанзивниот дел од тимот, а откако пропадна трансферот на Лукас Пакета, нова мета е Еберечи Езе.

Англиските медиуми тврдат дека скаутите на Сити веќе подолг период го следат Езе и бил високо оценет, посебно со настапите на почетокот на оваа сезона. Според најавите, Сити нема да жали пари и „граѓаните“ се спремни да платат 80 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Езе може да игра како офанзивен играч за врска или лево крило, па би можел да се вклопи во разни замисли на тренерот Гвардиола.

Сити летово ги доведе Матео Ковачиќ и Јошко Гвардиол, а се поврзува и со Жереми Доку од Рен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…