Дома Трансфер зона Манчестер Сити го испрати својот талент на позајмица кај неговиот татко

Манчестер Сити го испрати својот талент на позајмица кај неговиот татко

Младиот англиски фудбалер Лиам Делап актуелната сезона ќе ја помине како позајмен фудбалер во Стоук од Манчестер Сити.

19-годишниот фудбалер има тежок предизвик да се избори за место во првиот тим на Пеп Гвардиола, иако играше на неколку куп натпревари. Во Сити го гледаат како калибар за својот клуб, меѓутоа засега ќе продолжи да се развива на друго место.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради тоа одлучено е да оди во Стоук иако опција беше и Барнли кој го води поранешниот капитен на „граѓаните“ Винсент Компани.

Лиам избра да тргне по стапките на својот татко, Рори Делап кој седум години го носеше дресот на Стоук и стана вистинска легенда на овој клуб. Она што е интересно, во овој момент Рори Делап е помошник тренер во Стоук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…