Англискиот шампион Манчестер Сити е најскапиот тим на светот, кога стануа збор за моменалната вредност на фудбалерите, пресмета фудбалскиот институт CIES.
Анализата е направена за тимовите од најдобрите пет европски првенства бидејќи токму тоа се првенствата каде што играат најскапите фудбалери на светот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Алоритамот на статистичката централа покажа дека има пет тима чија трансферна вредност во моментов изнесува над 1 милијарда евра. Четири од тие тимови играат во Премиер лигата, а единствениот тим надвор од Англија е Барселона.
На врвот на листата е Манчестер Сити, чија вредност на играчите се проценува на 1,5 милијарда евра. Оваа сума е скоро двојно повисока од трансферната сума која клубот ја потрошил за ангажман на тие фудбалери. Тоа значи дека вредноста на фудбалерите значително се зголемила откако пристинале на „Етихад“.
Втор на листата е најголемиот ривал на Сити за титулата во Премиер лигата, тимот на Ливерпул, чија вредност изнесува 1,38 милијарди евра. Исто така и тимот на „црвените“ ја зголемил својата вредност скоро два пати.
Трета е Барселона чии тим е проценет на вредност од 1,22 милијарди евра. Потоа следува Тотенхем (1,04) и Манчестер Јунајтед чиј тим е проценет на точно 1 милијарда евра.
Тимот на Јувентус е на 6-то место на ранг листата и е проценет на 924 милиони евра.