Дома Трансфер зона Манчестер и Челзи се откажаа, Арсенал фаворит за потписот на Феликс

Манчестер и Челзи се откажаа, Арсенал фаворит за потписот на Феликс

Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс, сака да си замине од Атлетико Мадрид во јануари и веќе бара нов клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако извршниот директор на Атлетико, Анхел хил Марин призна дека имало конфликт помеѓу Феликс и тренерот Симеоне, јасно е дека Португалецот ќе го напушти клубот.

„Дејли Мејл“ пренесува дека Челзи и Манчестер Јунајтед првично покажале интерес, но се откажале од Португалецот.

Тоа во моментов го прави Арсенал фаворит за неговиот потпис, бидејќи „топциите“ се спремни да платат 8 милиони евра за шестмесечна позајмица.

Во Арсенал сакаат да го ангажираат Португалецот уште во зимскиот преоден рок како замена за повредениот Габриел Жесус, па веќе работи на трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…