Дома Топ вести Малдини е победник: Останува во Милан и носи две големи ѕвезди

Малдини е победник: Останува во Милан и носи две големи ѕвезди

Голем пресврт се случи во италијанскиот гигант Милан, кога е во прашање иднината на тренерот, но и воопшто на клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веќе подолго време се најавуваше дека Ралф Рагник од следната сезона ќе дојде во Милан и ќе ја обавува функцијата на спортски директор и тренер. Легендата Малдини беше против неговото доаѓање, па се очекуваше и тој да го напушти клубот.

Синоќа се случи голем пресврт. Милан потврди дека ги прекинал преговорите со Рагник и официјално го продолжи договорот со Пиоли до 2022 година.

Ова значи победа на Малдини во раководството на клубот. Медиумите тврдат дека тој сигуно ќе остане, а големи се шансите договорот да го продолжи и Златан Ибрахимовиќ.

Тоа значи дека се менуваат и трансфер плановите, па медиумите откриваат дека сега главна цел ќе бидат двајцата најголеми италијански таленти. Станува збор за Федерико Киеза од Фиорентина и Сандро Тонали од Бреша.

Киеза е на мета на многу клубови, Фиорентина за неговиот потпис бара 70 милиони евра, но Милан е спремен да го понуди Пакета плус 30 милиони евра.

Што се однесува до Тонали, неговата цена изнесува 40 милиони евра, а „росонерите“ се спремни да ја победат конкуренцијата и да го донесат на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…