Дома Фудбал Репрезентации „Македонија има квалитетни фудбалери, посебно тука е Елмас“

„Македонија има квалитетни фудбалери, посебно тука е Елмас“

Селекторот на Португалците Фернандо Сантош на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар против Македонија, истакна пофалби и респект кон нашата селекција, а посебно го издвои Елиф Елмас.

Елмас го пропушти баражот против Италија поради жолти картони, но селекторот Милевски ризвикуваше и го стави во составот токму за едно вакво сценарио кое сега е реалност.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Последниот натпревар на Македонија во кој ја победија Италија не смее да биде наш единствен пример, тие се квалитетна репрезентација и затоа им ги анализираме и останатите натпревари. Ја победија Германија и во првото полувреме не им дозволија на Германците да играат фудбал, тоа значи дека имаат квалитетни фудблаери, посебно тука е Елиф Елмас. Како што за нив сењ вели дека ова е меч на живот или смрт, така е и з нас. За победа мораме да бидеме највисокото ниво и да покажеме интезитет и креативност“, изјави Сантош.

Натпреварот помеѓу Португалија и Македонија се игра утре од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бомба од „Емирејтс“: Арсенал договори лични услови со ѕвездата на Челси

Топчиите ги договорија сите лични услови со ѕвездата на Челси и сега се подготвени да запо…