Дома Фудбал Останато Македонија ги раздрма „аѕурите“ – одржан итен состанок!

Македонија ги раздрма „аѕурите“ – одржан итен состанок!

Бурно е во таборот на талијанската репрезентација после вчерашното реми против Македонија во Торино.

Италија со поразот од Шпанија во септември ги загуби шансите за прво место во групата, но баражот им е сигурен.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Иако натпреварот против Македонија немаше резултатска важност за Италија, сепак играчите се разочарани од расплетот, но и од сопствениот пристап кој го имаа на тој натпревар.

Според пишувањата на медиумите, ситуацијата во соблекувалната е прилично тензична, па постарите играчи денеска организирале кризен состанок. Пред да истрчаат на тренингот, во соблекувалната фудбалерите ја утврдувале причината за очајната игра против Македонија.

Буфон претходно најави дека ремито со Македонија е јасен и гласен знак дека нешто мора да се промени во играта на репрезентацијата, а информациите велат дека токму тој го организирал состанокот и најмногу зборувал за актуелната ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…