Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија во Хрватска отпатува без тројца ракометари

Македонија во Хрватска отпатува без тројца ракометари

Македонската ракометна репрезентација ќе настапи ослабена на „Кроација Купот“ во Пореч, каде што ќе играат и селекциите на Катар и Хрватска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Селекторот Кире Лазаров не може да смета на Филип Талески, Никола Митревски и Цветан Кузманоски.

 Филип Талески има мала повреда и со него нема да се ризикува да игра пред почетокот на СП. Поради истата причина Талески го прескокна и ревијалниот натпревар против ветераните во Скопје.

Митревски доби дополнителен одмор бидејќи најдоцна заврши со клупските обврски во порто. Кузманоски е здрав и без повреда, меѓутоа за овие контролни средби левата крилна позиција ја пополнија Дејан Манасков и Петар Атанасијевиќ.

Македонија во Пореч ќе игра против Хрватска и Израел на 6 и 7 јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…