Хамбургер загуби со 4:1 oд Динамо Дрезден во Купот на Германија, но мечот остана во сенка на инцидентот кој се случи по завршувањето на истиот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, дефанзивецот на Хамбургер и поранешен фудбалер токму на Динамо Дрезден, Тони Лајстнер, се искачи на трибините кај фановите на Динамо и започна физичка пресметка со еден навивач.
За среќа брзо реагираа редарите, не дојде до поголем инцидент и се се заврши со туркање и влечење.
„Во текот и по завршувањето на мечот во мојот роден град, бев вербално нападнат од трибините. Јас генерално знам да се соочам со тоа. Но ова навистина беше „под појасот“. Да се скандира за мојата жена и моето дете, страшно. Затоа изгубив контрола. Ова беше многу емотивен меч за мене. Без разлика, ова не требаше да ми се случи. Им се извинувам на сите и ветувам дека ова нема да се повторно во иднина, независно какви навреди ќе ми бидат изречени“, напиша дефанзивецот на Инстаграм.