Дома Фудбал Останато Лоши вести за ПСЖ: Мбапе нема да игра на двата натпревари против Реал

Лоши вести за ПСЖ: Мбапе нема да игра на двата натпревари против Реал

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе надвор од теренот ќе помине најмалку два месеци поради повредата добиена во неделното дерби против Лион, пренесуваат медиумите во Франција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


19-годишниот фудбалер сериозно се судри со голманот на Лион и тешко се повреди, а доколку оваа информација се потврди, Мбапе ќе ги прескокне двата натпревари од осмина финалето во Лигата на Шампионите против Реал Мадрид (14. февруари и 6. март).

Младиот напаѓач минатото лето од Монако пристигна во ПСЖ и оваа сезона постигна 9 гола во 17 натпревари во националниот шампионат, додека во Лигата на Шампионите постигна 4 гола во 6 натпревари.

ПСЖ во дербито со Лион загуби со 2:1, но и понатаму сигурно до држи првото место на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џака нема да оди во Челзи

Потенцијалниот трансфер на капитенот на Швајцарија и Сандерленд, Гранит Џака, во Челзи нем…