Десниот бек на Интер, Аштраф Хакими би можел на лето да го напушти клубот и да се врати во Реал Мадрид.
Како што пренесуваат шпанските медиуми Интер се уште не почнал да му ги плаќа ратите на Реал Мадрид за трансферот на Хакими вреден 45 милиони евра.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Последниот рок кој го поставија „кралевите“ истекува на 31 март, па постои шанса доколку Интер не ја уплати првата рата да биде во голем проблем.
Не само што Хакими ќе биде вратен во Мадрид по завршувањето на сезоната, туку и Интер да биде казнет од УЕФА за не завршување на своите обврски кон други клубови.
Раководството на Реал веќе жали што лесно се откажа од Хакими, бидејќи оваа сезона Карвахал често е повреден, па Мароканецот сигурно ќе имаше голема минутажа.