Арсенал и Тотенхем се силно заинтересирани за голманот на Лацио и албански репрезентативец Томас Стракоша, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Двата клуба ова лето сигурно ќе донесат еден голман кој ќе може да биде резервна опција. Во моментов први голмани во Арсенал и Тотенхем се Бернд Лено и Уго Лорис, но немаат адекватна замена.
Клубовите од Северен Лондон во албанскиот репрезентативец гледаат идеално засилување за голманската позиција.
24-годишниот Стракоша има одлична сезона зад себе, а Лацио е спремен да го продаде доколку пристигне понуда од 25 милиони евра.