Американската скијачка, Линдзи Вон на ЗОИ во Пјонгчанг му оддаде почит на својот починат дедо.
Вон настапите во Јужна Кореа ги посвети на својот дедо кој почина во ноември 2017. година, а откако во негова чест го освои бронзениот медал, одлучи по Пјонгчанг да ја истури и неговата пепел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поточно, Вон ја истури пепелта во близина на стазата каде се натпреваруваше, посакувајќи на тој начин еден дел од него засекогаш да биде во Јужна Кореа каде некаде живееше.
„Знам дека би му значело да се врати овде, еден негов дел засекогаш ќе биде во Јужна Кореа“, истакна американската скијачка.
Нејзиниот дедо, за оние кои не знаат, беше инженер во војска во текот на Корејската војна.