Ливерпул е последниот клуб од англиското првенство кој одлучи да им враќа пари на фановите за остатокот од домашните натпревари од сезоната.
„Црвените“ решија да им ги рефундираат парите на тие кои имаа сезонски билети откако Федерацијата одлучи дека сезоната ќе се доигра без присуство на публика.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Ливерпул игра историска сезона и се наоѓа пред освојување на титулата во Премиер лигата после цели 30 години. На тимот на Клоп потребни му се уште две победи, а најавите се дека сезоната ќе продолжи во јуни.
„Сите фанови кои купиле билети за престојните четири домашни натпревари, ќе им бидат вратени парите назад“, објавија од Ливерпул.
До овој момент 12 од 20 клубови во Премиер лигата одлучија да им ги вратат парите на фановите.
#LFC update on matchday ticket refunds.
— Liverpool FC (at ?) (@LFC) May 26, 2020