Агонијата на Лорис Кариус конечно ќе заврши.
Кариус е член на Ливерпул, но дресот на „црвените“ не го носел уште од финалето во Лигата на шампионите во 2018 година кога не се прослави. Германецот бранеше на позајмица во Бешикташ, а потоа и во Унион Берлин. Турците го вратија поради пропустите, а во германскиот тим минатата сезона одигра само четири натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова лето не успеа да пронајде нов тим, па остана во Ливерпул, но секако нема прилика да брани. Клубот донесе одлука да му излезе во пресрет и да го пушти во јануари да си замине без оштета.
На Кариус е да пронајде клуб кој сака да го ангажира и може да се пресели бесплатно.