Ливерпул е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Исмаил Бенасер, пренесуваат италијанските медиуми.




Клоп во алжирскиот репрезентативец гледа идеално засилување за средниот ред, каде „црвените“ имаат многу проблеми од почетокот на сезоната.




Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Тренерот е загрижен поради малкуте алтернативи кои ги има во средниот ред и верува дека Бенасер одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра.
Ливерпул спрема понуда, но Милан одбива да преговара и сака да го задржи 24-годишниот плејмејкер.




Алжирецот има договор со „росонерите“ до 2024 година, но Милан веќе започна преговори за продолжување на соработката.




Бенасер има откупна клаузула од 50 милиони евра, сума која Ливерпул е спремен да ја плати, но клаузулата може да се активира само до 1 август.