Дома Топ вести Ливерпул спреми 50 милиони за ѕвездата на Бенфика

Ливерпул спреми 50 милиони за ѕвездата на Бенфика

Ливерпул е во потрага по квалитетен играч за врска, а најновоти име на списокот на „црвените“ е Енцо Фернандез од Бенфика.

Клоп сака да го засили средниот ред, каде нема многу алтернативи, па во јануари ќе се насочи кон ѕвездата на Бенфика.

21-годишниот Аргентинец ова лето пристигна во Бенфика од Ривер Плата, а со одличните настапи веднаш ја покажа својата класа.

Фернандез важи за еден од најголемите аргентински таленти, а Клоп сака да го донесе на „Енфилд“ во зимскиот преоден рок.

Сепак, Бефика нема лесно да се откаже од него и за неговата слобода бара 50 милиони евра, иако пред три месеци за него плати само 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…