Дома Фудбал Ливерпул на лето мора да плати 12 милиони за Жота

Ливерпул на лето мора да плати 12 милиони за Жота

Ливерпул на лето мора да му плати на Вулверхемптон сума од 12 милиони фунти за трансферот на Диого Жота.

Ова стана јасно откако денес „Гардијан“ го откри начинот според кој Ливерпул треба да ја плати трансферната сума од 45 милиони фунти за Диого Жота.

Португалецот пристигна на „Енфилд“ во септември минатата година, но првично Ливерпул платил само 4 милиони , а потоа до декември уплатиле уште 1 милион фунти.

На крајот на сезоната „црвените“ треба да плати уште 12 милиони фунти, а преостанатата сума треба да ја исплати во наредните две години.

Вечерва Жота за прв пат ќе се врати на својот поранешен стадион, бидејќи Ливерпул му гостува на Вулверхемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа ја затегна одбраната на Фулам: „Не е сè во моите идеи“

По шест кола без победа, Фулам врза два триумфа со 1-0. Арбелоа го промени пристапот, но г…