Ливерпул спрема нов подобар договор за Вирџил Ван Дајк, пишува англискиот „Тhe independent“.
Пред неколку дена „The Sun“ објави дека Јувентус е спремен да плати на лето да плати 175 милиони евра за холандскиот стопер, а тоа изгледа било причина да реагираат во таборот на светскиот и европски шампион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот договор на Ван Дајк истекува на летото 2023 година и на „Енфилд“ му нудат нов дговор вреден 235 милиони евра, односно 12 милиони евра по сезона.
„Ван Дајк стана европски и светски шампион со Ливерпул, ќе ја освои Премиер лигата оваа година. Исто така веќе долги години игра во Англија и би можел да има мотив да се докаже во друга лига. Затоа во Јувентус веруваат дека имаат шанси да го доведат“, изјавил неименуван извор за „Тhe Sun“.
Меѓутоа во Ливерпул не седат со скрстени раце и не сакаат да дозволат заминување на фантастичниот стопер со кој започна златната ера.