Ливерпул и Јувентус започнаа преговори за размена на Адриен Рабио и Фирмињо, тврдат англиските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Рабио пристигна во Јувентус како слободен агент во 2019 година, но никогаш не ги оправда во целост очекувањата.




Французинот влезе во последната година од договорот, па Јувентус сака да се ослободи од него, а интерес покажува Ливерпул.




Јувентус како дел од трансферот на Французинот го побарал Фирмињо, кој исто така е на излезна врата од „Енфилд“.




Ситуацијата на Формињо во Ливерпул е идентнична, и тој е во последната година од договорот, а Алегри смета дека ќе биде идеална алтернатива за Влаховиќ.




Поради тоа двата клуба размислуваат за трампа, а цената на двајцата фудбалери е приближна на 25 милиони евра.