Ливерпул е спремен ова лето да го продаде Дарвин Нуњез, кој е најскапо засилување во историјата на клубот.
Ливерпул чека понуди и е спремен да го пушти доколку некој клуб понуди 85 милиони евра, но проблем е што ниту еден од заинтересираните клубови не е спремен да ја плати таа сума.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Поради тоа тренерот Арне Слот, иако првично даде зелено светло за продажба, сега лично го контактирал Нуњез и му кажал дека сака да го задржи во клубот.
Дарвин Нуњез пристигна во Ливерпул како најскапо засилување во историјата, но никогаш не ги оправда очекувањата.