Дома Фудбал Ал Хилал на чекор до договор за трансфер на Дарвин Нуњез

Ал Хилал на чекор до договор за трансфер на Дарвин Нуњез

Ова лето беше исклучително динамично на фудбалската трансфер сцена, а според најновите информации, можеби ќе сведочиме на уште еден трансфер истовремено фасцинантен и изненадувачки!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според ексклузивните информации што ги објави познатиот фудбалски новинар и инсајдер Фабрицио Романо, Ал Хилал е многу блиску до договор за трансфер на Дарвин Нуњез од Ливерпул!

Се чини дека двата клуба веќе постигнале согласност околу трансферот, а само останува саудискиот клуб да ги договори личните услови со играчот.

Сè уште нема конкретни детали за трансферот, а износот засега е тајна, но се знае дека Дарвин е голема желба на тренерот Симоне Инзаги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Мајкл Керик сè уште официјално не започна да го составува тимот за новата сезона, а Манчес…