Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е блиску до првото засилување ова лето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за талентираниот дефанзивец на Цволе, Сеп ван дер Берг, кој на „Енфилд“ ќе пристигне во трансфер вреден 4 милиони евра.
Холанѓанецот се уште нема 18 години, оваа сезона одигра 15 меча за првиот тим и во Холандија веќе го доби епитетот „новиот Ван Дајк“.
Експертите му предвидуваат блескава кариера, а покрај Ливерпул за него силен интерес покажаа уште Ајакс и Баерн Минхен.
Ливерпул во него гледа идеално засилување за во иднина и успеа да ја победи конкуренцијата.