Фудбалерите на Ливерпул вчера на својот Енфилд го победија Њукасл со 4:2 во претпоследниот натпревар од 20. коло на англиската лига и со тоа останаа лидери на табелата и по ова коло.
Ливерпул имаше многу шанси, па не е чудно што постигна дури четири гола, но најголемо внимание привлече голот за 4:2 кој го постигна Мохамед Салах од пенал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, пеналот за Ливерпул нашироко беше окарактеризиран како „срамен“. На „Х“ многу фанови напишаа дека Диого Жота го принудил со симулирање.
Дури и легендите како Иан Рајт и Џон Тери не разбираат како е можно да биде досуден.
Со неверување проговорија славните играчи на Арсенал и Челзи. “Како е ова пенал? Шокантна симулација! Најлошо од се, пеналот беше досуден по ВАР”, напиша Тери, а Рајт тврдеше: “Човекот повеќе сакаше да изнуди пенал отколку да ја испрати топката во празната мрежа!“
Jota diving denied us of the best assist of all time pic.twitter.com/ySG3GKoSHp
— EvanFergusonFan (@MitomaSZN) January 2, 2024