Адриан Муту (45) беше еден од најдобрите офанзивни играчи во светот во раните 2000-ти.
Сега легендарниот Романец е тренер на Клуж. Тој на социјалните мрежи се пофали дека направил трансплантација на коса во турска клиника.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
“Во Истанбул сум, ја средувам косата. Времето никому не простува, а во интервјуата може да се види дека мојата глава премногу свети. Тоа беше интервенција која траеше неколку часа, но ништо болно, спиев”, изјави Муту.
Клиниката каде што ја прими трансплантацијата објави фотографии на кои се гледа дека му била пресадена коса на предниот дел од главата.

