Дома Фудбал Англија Легендата ова не го заслужи: Американците се обидоа да го исмеат Лампард!

Легендата ова не го заслужи: Американците се обидоа да го исмеат Лампард!

Легендата на Челзи, Френк Лампард пред крајот на кариерата играше за Њујорк Сити, а вчера и официјално стави крај на кариерата.

Честитки и признанија за Лампард доаѓаа од сите страни. Долгогодишните колеги, но и ривали со голема доза на почит се простија од англиската легенда.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Стивен Џерард, Џон Тери, Карло Анчелоти, Алесандро дел Пјеро, Икер Касиљас се само некои од великаните на оваа игра кои му се заблагодарија на Лампард за целиот допринос кој го даде за фудбалот.

Сепак, не го третираат сите Лампард како легенда. Имено, ривалите на Њујорк Сити од МЛС лигата, Њујорк Ред Бул се „простија“ од Лампард без ни малку почит.

Поставија кратко видео на официјалниот Твитер од еден натпревар против Њујорк Сити со порака „Bye, bye. NY is RED“.

Со оглед на тоа дека социјалните мрежи се многу актуелни, па ништо не може да помине неприметено, Твитер заедницата со бес и критики одговори на ваквиот „твит“ на Ред Бул.

„Покажете малку почит“, „Лампард е поголем од вашиот клуб“, беа само некои од коментарите на срамиот „твит“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез: Родри ја заслужи „Златната топка“, но не оваа година

Иако Реал Мадрид беше убеден дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, таа заврши во рац…