Поранешниот легендарен на Реал Мадрид, подоцна и спортски директор, Предраг Мијатовиќ смета дека „кралевите“ немаат шанси да ја загрозат во Барселона во Ла Лига.
Според Мијатовиќ сезоната за Реал во првенството е веќе изгубена и не верува дека може да се направи нешто повеќе. Негово мислење е дека Реал треба да се посвети на шпанскиот куп и Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Слаби сме во првенството во овој момент и малку можеме да направиме. Десет бодови заостанување зад лидерот е невозможна мисија. Можеби поради тоа добро би било да се сконцентрираме кон преостанатите две натпреварувања. Комплицирано е да се одбрани титулата во ЛШ. Сетете се како започна, со она финале во 2016 година кога победивме на пенали“.
„Замислете што би се случило Реал да изгубеше. Овој сегашен Реал го нема тој вид на самодоверба. Солари добро работи, играчите сакаат да бидат на такво ниво, но едноставно не можат“, изјави Мијатовиќ.