Најголемото изненадување не само на женскиот дел од турнирот, туку и на Вимблдон во целост, во средата го приреди Елина Свитолина, која во четвртфиналето ја исфрли светската тенисерка број еден Ига Швионтек со 2-1.
Голем број пораки за поддршка на украинската тенисерка, кој навистина одигра одличен меч, а некои и доста емотивно го доживеаја триумфот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Трикратната победничка на Вимблдон, Крис Еверт, коментирајќи го мечот за ESPN со солзи во очите, рече дека ова е еден од најтрогателните моменти досега на Централниот терен.
„Ова е еден од најтрогателните моменти на Централниот терен што сум го видела, со сето она низ кое помина Елина.
Таа е многу инспиративна и има голема поддршка од нејзиното бебе и сопругот. Таа минуваше и низ многу тажен период со сето она што и се случуваше на нејзиното семејство во Украина. Да ја видиш толку инспирирана и да игра толку добро е многу трогателно – изјави Крис Еверт.
Украинката денеска ќе се бори за финале против Маркета Вондрушова. Натпреварот започнува во 14:30 часот.
What a touching summary by Chris Evert on the victory by #Svitolina and family and her Country of Ukraine 🙏👏#Wimbledon pic.twitter.com/XgnS0jPKRm
— Connie Carberg (@ConnieScouts) July 11, 2023